7 дена до успех – неделен ритуал со кој ќе станете успешен претприемач

- Advertisement -

Честопати велиме дека нема точна формула за успех. Иако тоа е вистина, постојат некои чекори кои можете да ги направите за дa го насочите бизнисот во вистински правец

Кога би можеле сите нив да ги подредите по редослед и да направите систем кој ќе го следите, нели би било одлично? Еве кои седум работи можете да ги правите 7 дена во неделата и да си создадете нови позитивни навики.

Недела: планирање
Одморајте и планирајте. Кога ќе имате време, неделното попладне искористете го за да размислите што сте направиле изминатата недела. Потоа размислете за некои мини цели кои сакате да ги оставрите наредната недела. Не планирајте многу одеднаш, само размислете за задачите кои се најпродуктивни и фокусирајте се на нив. Секогаш запишете ги за да можете да додавате се што ќе ви текне. Потоа пренесете ги во календарот за претстојната недела.

- Advertisement -

Понеделник: имплементација
Кога ќе знаете кои главни идеи треба да ги имплементирате, испланирајте ги најбитните и рапределете ги различните задачи за секој ден или барем за 3-4 дена. Фокусирајте се на најпродуктивните од нив кои ќе донесат најголеми приходи и оставете ги другите за кога ќе имате повеќе време. Запишете барем шест задачи на листата со работи за реализација.

Вторник: будење рано наутро
Иако сте ноќни птици, повеќе работи ќе завршите доколку сте ранобудни. Така уште пред да ви почне денот ќе завршите некои обврски. Оваа идеја е запишана и во повеќе книги, кои препорачувата до 11 часот да имате завршено барем 5 работи. Не мора да се ограничите на точен број, но искористете го утрото за ефикасно да го почнете денот.

- Advertisement -

Среда: брендирање
Маркетингот е еден од најголемите предизвици за секој сопственик на бизнис, но многумина не сфаќаат дека брендирањето е побитно од маркетингот. Тоа се две различни работи. Маркетигнот се фокусира на производи и услуги, а брендирањето се фокусира на бизнисот и на тоа како им помага на луѓето да си ги остварат личните цели. Кога се фокусирате на брендирање, работите на интегрирање на сите аспекти од маркетинг планот во една солидна стратегија која ќе го стави вашиот бренд пред другите.

Четврток: иновирање и креирање
Доколку сте бизнис ориентиран на прозводи, четврток е добар ден да се фокусирате на иновирање. Можете да организирате состаноци за креативниот тим кога сакате, но размислете за иновативната страна на бизнисот и запишете некои идеи за некој нареден проект.

- Advertisement -

Петок: проценка и преобразба
Се вели дека доколку не си го сфаќате животот и поентата на живеењето, не вреди да живеете. За бизнисот, пак, ќе важи дека доколку не го мерите постигнатото не вреди да го имате. Еден ден неделно издвојте за да анализирате што сте постигнале, разгледајте ја статистиката, повратот на капитал, продажбата и видете како стоите во спроедба со пртходната недела, со претходниот месец, а потоа размислете каде сакате да бидете за 6 месеци или за една година.

Сабота: правете нешто забавно
Дури и на најопседнатите претприемачи им треба одмор и забава. Одвојте време за себе и правете нешто што сакате било да е тоа сликање, гледање птици, фотографирање. Што било што ќе ви ги наполни батериите.

(Addicted2Success)

Сподели!
- Advertisement -