Загадувањето е посмртоносно од војните, природните катастрофи и болестите

- Advertisement -

Загадувањето на животната средина не само што е непријатно, туку е докажано смртоносно. Секоја година повеќе луѓе умираат заради загадувачите – од токсичниот воздух и загадената вода – отколку во војни и други насилни акти. Загадувањето е одговорно за повеќе смртни случаи отколку сидата, туберколозата и маларијата заедно. Овие вознемирувачки потадоци се дел од едно истражување објавено во медицинскиот весник Lancet. Научниците утврдиле дека еден од четири прерани смртни случаи или 9 милиони во 2015 година е последица на загадувањето. Иако животот е побитен од парите, тие смртни случаи претворени во пари се 4,6 трилиони долари годишна загуба или 6,2% од светската економија.

Епидемиологот Филип Ландриган, водечки автор на студијата и декан на Школата за медицина Икан во Њујорк, вели дека иако многумина го истражуваат загадувањето, никогаш не се обрнува толку внимание на загадувањето како, на пример, на сидата или на климатските промени. Ландриган вели дека загадувањето е масовен проблем кој ретко кој го разбира. Ова е првата студија од овој тип која ги зема предвид податоците за сите болести и смртните случаи предизвикани од загадувањето.

- Advertisement -

Според истражувањето, земјите во развој, главно во Азија и во Африка, доведуваат во опасност најголем број луѓе поради недостигот од системи за следење на загадувањето на воздухот и на почвата. Во 2015 година еден од 4 прерани смртни случаи во Кина, односно 2,5 милиони, беа последица на болести предизвикани од загадувањето. Ни најмалку не зачудува фактот дека најсиромашното население најмногу страда од болести врзани со загадувањето – 92% од болестите предизвикани од токсичноста на животната средина се во земјите со ниски или средни плати затоа што законите во врска со зачувувањето на животната средина таму се послаби, а индустријата се потпира на застарена технологија и нечисти горива. Истражувачите велат дека луѓето не сфаќаат колку загадувањето и наштетува на економијата, затоа што луѓето што се болни или мртви не придонесуваат за економијата.

За да се утврди глобалното влијание на загадувањето, авторите на студијата користеле методи кои ги користат во Американската агенција за заштита на средината, за проценка на загадувањето на почвата и податоци за загадувањето на воздухот и водата од Global Burden of Disease. Иако не изгледа страшна бројката од 9 милиони мртви поради загадувањето, многу пострашна е кога ќе се знае дека тој број е  15 пати поголем од бројот на луѓе кои настрадале во војни, а 6 пати поголем од бројот на луѓе кои загинале во сообраќајни незгоди.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -