Промоција на македонските винарници во Данска

- Advertisement -

Министерствотот за земјоделство шумарство и водостопаство на Р.Македонија во соработка со Здужението Вина од Македонија продолжуваат со активностите за промоција на македонското вино на интернационалните пазари. Винарии од Република Македонија, организирани преку Здружението овие денови, на 23ти и 24ти октомври ги презентираат своите производи на пазарот во Данска

Промотивните настани се одржуваат во Копенхген каде, оваа година Тиквеш, Стоби, Далвина, Бовин, Камник, Попов и Попова Кула  ги презентираат своите вина пред дистибутери, увозници, ХОРЕКА и други професионални купувачи на вино, како и пред крајните конзументи. И оваа година при преставувањето на македонските вина посебен акцент е ставен на соратата Вранец, како најголем репрезент на македонките вина, при што се организирани две Мастерклас презентации за Вранец кои ги водеше реномираниот вински критичар и судија Дарел Џозеф.

Промотивните настани се финансиски поддржан и оваа година од МЗШВ преку програмата за поддршка на руралиот развој за 2017 година и насаните во Данска се само продолжување на промотивните активности на винариите кои минатиот месец македонското вино го презентираа во САД на три настани во Њујерси, Мајами и Нејплс.

- Advertisement -

Данскиот пазар е еден од најпотенцијалните пазари за извоз на македонското флаширано вино, каде извозот секоја година бележи пораст и токму поддршката и организацијата на овие промотивни настани даваат позитивни резултати во делот на градење на брендот и имиџот на македонското вино.

 

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -