Топ 10 трендови кај дигиталниот маркетинг за 2018 година

- Advertisement -

Контент маркетингот, автоматизацијата и вештачката интелигенција зедоа примат. Во 2018 година тие целосно ќе го сменат маркетингот кој го знаеме, а ангажирањето на купувачите ќе биде најголема инспирација. Овие трендови не се новина ни во странство ни кај нас, но да се потсетиме во кој правец ќе се движи маркетингот.

1.Корисничко искуство

- Advertisement -

Корисничкото исксутво наголемо го обликува дигиталниот маркетинг. Поради промените и нарушувањето на индутријата, компанитие мора да го преиспитаат своето корисничко искуство за да останат атрактивни. Нови стратегии за таргетирање на купувачите: пократки содржини, поперсонални и поакетуелни, а омилени се видеата и инфографиците.

2. Маркетинг содржини

- Advertisement -

За маркетерите најбитни ќе бидат содржините. На содржините се работи смислено, се проверува зачестеноста, се бира аголот од кој се пишува, а бројот на интеракции со публиката постојано се следи и се анализира.

3. Масовна персонализација

- Advertisement -

Масовниот маркетинг е мртво, да живее масовната персонализација. Целта е едниставна – да се соберат максимум податоци за однесувањето на клиентите. Се користи вештачка интелигенција, податоци од социјалните мрежи, онлајн шопингот итн.

4. Оптимизација на степенот на конверзија – во превод значи зголемување на процентот на корисници на сајтовите и на посетителите кои купуваат. Ова е стратегија која многу ќе се цени во 2018 година.

5. Маркетинг за повеќе уреди

Компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети… Кога пребаруваме користиме се, а во пораст е пребарувањето преку мобилни уреди. Компаниите сега се соочуваат с нов предизвик: анализирање во реално време на демографските податоци и следење на однесувањето за да се оптимизира искуството на корисниците на сите уреди.

6. Маркетинг кој паметно користи податоци

Податоците се срцето на маркетингот. За правилно да се користат, маркетерите треба да знаат од нив за извлечат анализа. До 2025 година во секој дом ќе има по 30 конектирани уреди, а 6 милијарди на глобално ниво. Се прогнозираат паметни објекти, способни да комуницираат со клиентите и да ги предвидат нивните потреби.

7. Корпоративно блогирање

Корпоративното блогирање има многу бенефити: оптимизирана ирганска посета, создавање заедница од посетители, дијалог со посетителите итн. На тој начин се негува нов однос со публиката.

8. Автоматизација на контент маркетингот

Кога еднаш ќе се креира некоја содржина, останува само да допре до вистинската публика. За да се добие временска рамка, зачестеност и ефикасност на содржините кои допираат до публиката, компаниите се повеќе користат автоматизирани алатки.

9. „Социјална продажба“

Дури  75% од B2B клиентите користат социјални мрежи кога одлучуваат што да купат. Терминот „социјална продажба“ е нов B2B пристап кој се базира на слушање и размена на најдобрата пракса.

10. Четботови

Четботовите се совршен пример како автоматизацијата на маркетингот ќе влијае на бизнисите во 2018 година. Овие виртуелни асистенти со кои управува вештачка интелигенција можат на клиентите да им дадат одговори во реално време. Најголем предизвик е да понудат корисничко искуство кое ќе биде подобро од регуларните сервиси за клиенти.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -