Евтината струја достапна за сите домаќинства

- Advertisement -

Тимовите на ЕВН Македонија завршија со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила. Согласно планот, прилагодувањето на броилата се спроведуваше во период од четири отчитувачки недели, почнувајќи од 25 септември до 24 октомври. На екранот на секое прилагодено броило се покажува Т2 индикатор во периодот од 14:00 до 16:00 часот секој работен ден и сабота.

И покрај тоа што нашите тимови ги посетиле сите мерни места, потребата од физички контакт на тимовите со броилата го оневозможи спроведувањето на дневната евтина тарифа за недостапните броила. Ова значи дека броилата до кои немавме пристап, сеуште не се прилагодени, а тие се најчесто викендици илиили моментално иселени корисници.

- Advertisement -

ЕВН Македонија информира дека во наредните недели ќе продолжи со прилагодување на останатите броила кои беа недостапни, како дополнителен план за спроведување на дневната евтина тарифа.

Сподели!
- Advertisement -