Загадувањето на воздухот во Кина е проблемот со децении, но поради тоа што овој проблем сега привлекува значајно внимание низ целиот свет и поради Парискиот договор, кинеската влада ги засили напорите за решавање на истиот
Властите од кинеското Биро за животна средина во последниве неколку месеци привремено затворија десетици илјади фабрики преку оневозможување на пристапот на фабриките до електрична енергија и гас. Владата се обврзала да им обезбеди нови работни места на вработените кои ќе останат без работа поради оваа мерка.
„Инспекторите започнаа да одат во фабриките и да спроведуваат неочекувани инспекции. Тие најчесто издаваат дневни парични казни, а понекогаш – во навистина тешки случаи – и кривични пријави кои завршуваат со затворски казни“, изјавил Гери Хуанг, основач на фирма која е посредник помеѓу кинески синџир на снабдување и странски компании.
Во изминатата година, службеници во повеќе од 80.000 фабрики се здобиле со различни казни од кинеското Министерство за животна средина поради кршење на законите за животна средина.
На прес – конференција во понеделникот, кинескиот министер за заштита на животната средина, Ли Ганџи, изјавил дека владата е сериозна во намерите за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Кина. Конкретно, владата ќе преземе мерки за намалување на концентрацијата на PM2.5 честички во воздухот до 35 микрограми до 2035 година.
За да се исполни оваа цел, нацијата се фокусира на намалување на зависноста од јаглен преку создавање на соларни и ветерни фарми, идни забрани за автомобили кои нема да се на електричен погон и воспоставување на зони за „зелено финансирање“.
Навидум, овие напори веќе имаат влијание. Просечното ниво на PM2.5 честичките се намалило за 2,3% во текот на првите осум месеци од 2017 година, во споредба со 2016 година, а во моментов во Пекинг нивото на овие честички е намалено на 60 микрограми за разлика од минатогодишните 70 микрограми.
(Futurism)