Ако сте нов родител или сте склони кон апстрактни теории, најверојатно сте поминале неколку ноќи прашувајќи се какви работни позиции ги очекуваат оние кои ќе бидат на пазарот на трудот во иднина.
Во 2040 година, бебињата кои се родени денес, ќе бидат на почетокот на нивната кариера. Дали пазарот на трудот со кој се соочат ќе изгледа како сега? Можеби, но можеби и не. Автоматизацијата веќе елиминираше милиони производствени, сервисни служби за храна и малопродажба, а постои и сомнеж дека ќе придизвика трансформација и кај секоја друга индустрија.
Истражувања од универзитетот во Оксфорд покажуваат дека постојат стотици професии кои нема да исчезнат – професионална терапија, кореографија, инженерство на животната средина, советување за ментално здравје итн. Додека некои работни места ќе исчезнат, се очекува да се креираат многу други.
Според некои прогнози, 85% од професиите кои ќе постојат во 2030 година, денес уште не се измислени. Десет години пак после тоа, работната сила ќе биде целосно непрепознатлива. Еве кои ќе бидат професиите од 2040 година.
1. Менаџер во виртуелни продавници
Сѐ повеќе луѓе пазарат онлајн, но на многу од нив им недостига човечка поврзаност при пазарењето.
Во анкета на Google, 61% од корисниците на мобилни телефони изјавиле дека се јавуваат на компанијата пред да направат онлајн порачка, додека пак 73% од оние кои конзумираат онлајн реклами рекле дека рекламите треба да „раскажуваат оригинална приказна“.
Во иднина, брендовите ќе се обидуваат да додадат доза на човечност во нивните дигитални производи преку комуникација и вклучување на купувачите и дизајн основан на податоци од терен.
„Денес клиентот се доживува како пар очи. Улогата на менаџерот за продажба ќе биде да ги вклучува клиентите и да ги привлекува во дигиталниот свет на ист начин како што би им ги презентирал производите во продажните салони.“, вели Стив Кардиган, соосновач на ISDI Digital University.
2. Медијатор за роботи
Роботите предизвикуваат поместувања во многу индустрии. Но, во други, тие само ги прават луѓето поуспешни на своите работни места. Роботите во магацините на Amazon на пример, им помагаат на работниците побрзо да ги наоѓаат и подготвуваат производите за достава.
Бидејќи партнерствата помеѓу роботите и луѓето стануваат почести, нормално е да се појават компликации – но и да се создадат нови помошни работни места. Некои, како што е персонал за поправаки на робот, веќе постојат.
„И покрај стравувањата дека автоматизацијата ќе стави крај на некои работни места, потребата за квалификувани луѓе да работат, да користат и да ги развиваат технологиите, ќе останат неопходни.”, вели Алан Стукалски, главен дигитален директор во агенцијата за вработување Randstad USA. „Можеби терапевтите за вештачка интелигенција ќе бидат следната еволуција во професионалците за ментално здравје – помагајќи им на работниците да се справат со своите не-човечки колеги”.
3. Робот тренер
Машинското учење, кое користи алгоритми да ги истренира компјутерите на пример да прават музички плејлисти, порано беше вештина која ја поседуваа само неколку. Овие програмери и денес се професионалци кои се доста барани, а новите технологии овозможуваат овие професионални да бидат повеќе достапни.
„На крај, алгоритмите кои ги контролираат овие функции ќе станат стандардизирани, а работните места кои се задолжени за управување со нив би можеле да одат на работници од пониско нив,“, вели Ави Фломбаум, декан на кампот за кодирање Flatiron School.
„Не треба да го разбирате роботот за да му испрограмирате функции. Со оглед на тоа што софтверот се поедноставува, ова би можело да стане основна вештина за вработување како што денес е работењето во Excel.“, додава тој.
4. Контролор за сообраќај на дронови
Во 2016 година, повеќе од 670.000 дронови биле регистрирани во САД.
Со тестирањата на Amazon и Google за достава со дронови, професиите во оваа област се неизбежни, а идните пилоти за дронови веќе се запишуваат во специјални училишта “беспилотни возила”). До 2040 година, тие ќе треба да бидат регулирани со систем за летање сличен на оној што го користат пилотите на авионите.
На ист начин како што контролорите за летање ги следат авионите, ќе сакаме некој да ги координира, следи и да дава инструкции за дроновите.
5. Дизајнер за проширена реалност
Некои индустрии, како маркетинг и малопродажба, веќе вработуваат дизајнери за проширена реалност да го збогатат искуството на потрошувачите.
Наскоро, проширената реалност која опфаќа копјутерски генерирани слики со физички ќе стане секојдневие. До 2040 година, инженерите, архитектите и дизајнерите кои работат со ваква технологија ќе бидат доста барани на пазарот и ќе можат да работат низа професии од корпоративни тренери до маркетинг советници.
Виртуелната и проширената реалност уште е новитет, но наскоро побарувачката за вакви кадри ќе биде масивна.
6. Агенти за микро проекти
Како што се проширува трендот на фриленсери, независните консултанти ќе работат заедно со голем број на независни изведувачи.
Овие луѓе ќе настапуваат како талент агенти и ќе им помагаат на фриленсерите да пронаоѓаат и да ги нудат своите проекти на пазарот.
Луѓето ќе имаат микро проекти од различни видови и со различен период на времетрање наместо работни позиции со полно работно време. На овие луѓе ќе им биде потребен некој кој ќе им помага да пловат по овие води.
(MSN)