Промоција на познатиот туристички водич „In your pocket“ за Скопје, Охрид и Битола

- Advertisement -

Денеска беше промовиран првиот број на најпознатиот европски туристички водич „In your pocket“ за Скопје, Охрид и Битола 

Водичот во јуни годинава беше испечатен во 20.000 примероци и се дистрибуираше на повеќе локации низ градовите наскоро ќе го издаде својот втор број за Македонија.

Освен во печатена форма, „In your pocket“ може да се користи и како телефонска апликација, но и на интернет, преку веб страницата  https://www.inyourpocket.com/skopje.

- Advertisement -

Првиот број е дистрибуиран во сите поголеми хотели, угостителски објекти, музеи, и останати актрактивни локации и се дели беслплатно на секој турст кој е во посета на нашата земја. Водичот на сопствен и интересен начин ги опишива бројните природни убавини, културно историски споменици,  и музеи и многубројни  атракции во нашата земја. Во водичот се наоѓааат голем број на познати признати брендови на Македонија преку кои секој турист може да го пронајде она што претставува негов посебен интерес при посета на некоја земја, сместувачки капацитети, добри ресторани, барови, места за забава и релаксација, ноќен живот, препорачува што треба да се проба, купи и види.

“Покрај вториот број кој го подготвуваме за месец декември, во текот на наредната година најавуваме два нови броја (пролет и есен) и публикување на две мапи на градовите Скопје и Охрид. Дополнително ќе работиме на промовирање на винскиот и зимскиот туризам како едни од најголемите потенцијали на Македонија. Имајќи ја во предвид и поддршката на бројни институции кои работат во областа на развојот на туризмот во нашата земја како и бројни партнери оваа понуда планираме да ја збогатиме и со дополнителни содржини се со цел развој на Туризмот и максимално искористување на Туристичко- угостителските капацитети”, вели Антоанела Петровиќ, дел од тимот на In your pocket Македонија.

- Advertisement -

„In your pocket“ е меѓународен бренд на водичи и мапи за странски туристи во 22 држави и преку 250 града. Им служи на туристите за откривање на убавините на земјата и за максимално користење на угостителските и други капацитети кои се на располагање.

На денешната промоција во Скопје беше присутен и Нико Славниќ, Директор и Ко-сопственик на In your pocket, водич основан пред 25 години првично наменет за новинари. Истиот до ден денес го пишуваат нвинари. Досега се направени изданија за околу 250 дестинации.

- Advertisement -

Покрај печатеното издание, овој туристички водич, следејќи ги светските трендови, на почетокот на деведесетите, следејќи ги трендовите во дигиталните комуникации ја промовираше веб страната на која покрај сите потребни информации за дадена дестинација, секој посетител може да ја превземе електронската верзија на водичот, а во 2010 година ја создаде првата мобилна апликација која им помага на туристите во разгледување на градот преку мобилениот уред. Статистиките велат дека досега мобилната апликација ја искористиле повеќе од 100.000 луѓе, веб страната ја посетиле повеќе од 16 милиони посетители, а електронската верзија на водиот ја превземале повеќе од 800.000 заинтересирани туристи. Овој џебен водич е застапен и на социјалните медиуми со база од преку 83.000 фанови.

 

 

Сподели!
- Advertisement -