Зошто и како мрежата од контакти да ви биде разнoвидна?

- Advertisement -

Општо гледано, мрежите од контакти на луѓето се еднолични. Тоа е така бидејќи луѓето по природа се дружат со слични на нив било да е тоа по раса, пол или професија. За жал, кога станува збор за вмрежувањето ова е погрешен пристап. Доколку не работиме на вмрежувањето, на крајот околу нас ќе имаме само луѓе со слични мрежи од контакти како нас.

Едноличната мрежа на претприемачите и бизнисмените може само да им го компромитира пристапот до некои компании, организации или заедници. Тешко е да се вклучите во нови организации кога сите околу вас ги познаваат истите луѓе. Всушност, колку повеќе некои мрежи од контакти се совпаѓаат толку е помал бенефитот од нив. Токму затоа треба да има разновидност во мрежите.

- Advertisement -

Разноликите мрежи ви отвораат повеќе можности за конектори или луѓе кои се заеднички за два или повеќе кластери или групи поединци. Тие можат лесно да ве поврзат со други групи или индивидуалци. Најдобриот начин да се остварат повеќе конекции во мрежата е да работите на креирање хетерогена мрежа.

Алумни мрежите на колеџ се совршен пример за тоа колку се битни коенкторите. Таму студентите одат на различни факултети и познаваат различни луѓе. Но, кога ќе се најдат во иста алумни мрежа автоматски се спојуваат мрежите од едните и од другите. Еве три начини како да ја диверзифицирате мрежата од контакти.

- Advertisement -

Најпрвин, пронајдете луѓе кои членуваат во групи во кои вие не спаѓате. Доколку сте член, на пример, на некоја група за трговија и бизнис, одличен начин за диверзификација е да најдете некој кој е член на клуб на ротари или на асоцијација за родители и ученици. Ова не е единствениот критериум за запознавање луѓе, но е добар почеток за „ловење“ поединци поинакви од вас.

Понатаму, волонтирајте. Ова е нешто што се препорачува не само за општествен бенефит туку и за диверзификација на мрежата. Искуството ќе ве направи поисполнети затоа што ќе имате позитивна улога и можеби ќе научите некого што значи да се биде фер, одговорен и внимателен. Патем ќе си ја проширите мрежата со нови контакти.

- Advertisement -

На крај, приклучете е во одборите на некои локални организации. Тоа не е исто како волонтирањето затоа што не можете да го направите лесно. Сепак, распрашајте се што треба да се направи за да станете член на одбор на некоја локална бизнис група. Понекогаш доволно е на луѓето да им покажете дека сте заинтересирани за лидерска улога.

Доколку сакате да градите моќни мрежи од контакти, најпрвин сфатете ги значењето на диверзификацијата и почнете да работите на терен. Направете професионална мрежа од контакти каде што ќе има луѓе кои се различни од вас по искуството, образованието итн. Единственото нешто што треба да им биде заедничко на сите во вашата мрежа е тоа што се добри во својата работа.

(Entrepreneur)

Сподели!
- Advertisement -