На апликацијата, петмината штипски матуранти работеле месец и половина, а истата ја презентирале пред 12 потенцијални инвеститори и стручни лица:
“Бизнис идејата е маска за телефон, а сакаме да помогнеме на лицата со Рејнаудов синдром, тоа е синдром кај кои лицата имаат послаба циркулација во рацете, а маската може да ги загрева и лади рацете“, вели Никола Патраклиски, ученик во СОУ „С.Стојменски“ – Штип.
Иновативната идеја е предизик за младите таленти и ќе се потрудат истата да ја применат во пракса.
Планот ни е прво да произведеме прототтипи и да видиме како ќе им се допаднат на публиката во Македонија и планираме до март да произведем каталози. Тоа ни е главна цел да најдеме приватни инвеститори за изработка на прототипи, вели Патраклиски.
Натпреварот во Брисел се одржува во март идната година и за истиот менаџментот на гимназијата „Славчо Стојменски“, ги обезбеди авионските билети.