Content маркетингот, маркетинг автоматизациите и вештачката интелигенција го презедоа приматот. Во 2018 година тие целосно ќе го променат маркетингот каков што го познаваме, а ангажирањето на потрошувачите ќе биде најголема цел и инспирација, се вели во анализа на магазинот „ Digital marketing “, а пренесува Маркетинг 365
Мораме да признаеме дека овие трендови не се новост ниту на странските, а ниту на нашиот пазар. Сепак, би требало да се потсетиме во кој правец оди онлајн маркетингот.
- Искуство на клиентите
Искуството на клиентите во голема мера влијае врз обликувањето на дигиталниот маркетинг. Соочувајќи се со големи промени во индустријата, компаниите мораат да го преиспитаат своето корисничко искуство, со цел и понатаму да останат атрактивни.
Новите стратегии за таргетирање на купувачите ќе бидат: пократка содржина, лична и актуелна содржина, а омилени ќе бидат видеата и инфографиците. Во 2018 година акцентот ќе биде на поединецот и на неговиот простор за делување.
- Content маркетинг
Следната година за маркетерите најважна ќе биде содржината. На сoдржината се работи смислено – се пресметува зачестеноста на објавување на содржината, се одбира аголот од кој се пишува, а бројот на интеракциите со публиката внимателно се следи и анализира.
- Масовна персонализација
Масовниот маркетинг е мртов, на негово место доаѓа масовната персонализација. Целта е едноставна: да се соберат што повеќе податоци за однесувањето на клиентите, и да се анализираат во алгоритам на вештачка интелигенција и потоа да се развијат соодветни и прилагодени стратегии. Се користат податоци од социјалните мрежи, онлајн продажбата и преземените мобилни апликации.
- Стапка на оптимизација на конверзија
–што значи да се зголеми процентот на корисници (посетители) на сајтот во оние посетители кои купуваат. И тоа е една од маркетинг стратегиите кои многу ќе се ценат во 2018 година. Степенот на оптимизација на конверзијата е блиско поврзана со оптимизацијата на сајтовите и содржината на пребарувачите и може да биде повеќекратно значајна: подобра позиција при пребарувањето и подобра конверзија.
- Маркетинг на повеќе уреди
Компјутери, лаптопи, паметни телефони, таблети… Ги користиме сите можни уреди кога пребаруваме информации. Многу купувачи и понатаму користат десктоп компјутери и лаптопи, но пребарувањето преку мобилните уреди е во пораст. Компаниите сега се соочуваат со нови предизвици: анализирање (во реално време) на демографските податоци и проучување на однесувањето за да се оптимизира искуството на корисниците спрема местото, времето и уредот. Целта е: подобро да се разбере однесувањето на корисниците и да се предложи релевантна содржина преку мулти-канален пристап.
- Маркетинг кој (паметно) користи податоци
Податоците се срце на маркетингот. За да се користат правилно, маркетерите би требало да знаат од нив да извлечат остра анализа за микро-сегментите на купувачот. Поврзаните уреди, се повеќе и повеќе интегрирани во нашиот секојдневен живот, собираат се повеќе и повеќе податоци – во 2018 година ќе има 6 милијарди поврзани уреди на пазарот и 30 во секој дом до 2025 година. Гартнер и Форестер прогнозираат интелигентните уреди, способни да бидат во интеракција со клиентите и кои ќе можат да ги предвидат нивните потреби.
- Корпоративно блогирање
Корпоративното блогирање ветува многу предности: оптимизација на органското пребарување, создавање на заедници (посетители), конструктивен дијалог со посетителите, клиентите… на тој начин се создава нов однос со публиката. Податоците покажуваат дека 70% од клиентите учат нешто за компанијата преку содржината (на корпоративниот блог).
- Автоматизација на маркетинг содржини
Откако содржината е креирана еднаш, останува „само“ да дојде до вистинската публика во вистинско време. За да се постигнат такво вистинско време, ефикасност и фреквенција на објавите на содржината, компаниите се повеќе и повеќе користат автоматизирани алатки за промоција на содржините преку разни канали на комуникација(социјални мрежи, newsletters, и-меил кампањи, итн.).
- Продажба преку социјални мрежи
Дури 75% од B2B клиентите користат социјални мрежи кога одлучуваат да купуваат. Продажбата преку социјалните мрежи е новиот B2B пристап кој се заснова на слушање и разменување на најдобрите искуства и пракси. Со 450 милиони корисници, LinkedIn е понатаму број 1 социјална мрежа за деловно вмрежување и со тоа приоритет за „трговците на социјалните мрежи“. „LinkedIn Sales Navigator“ е интегрирано решение кое им помага на трговците.
10. Четботови
Четботовите се совршен пример како автоматизацијата на маркетингот ќе влијае врз бизнисот во 2018 година. Овие виртуелни асистенти со кои управува вештачката интелигенција можат да им дадат на клиентите одговори во реално време. Најголем предизвик е да понудат корисничко искуство кое ќе биде подобро од регуларниот сервис за клиентите, користејќи ги податоците на клиентите. Вештачката интелигенција е веќе заменета со „вештачка емпатија“. Четботовите наскоро ќе бидат во симбиоза со очекувањата на купувачите и ќе ги автоматизираат задачите.