Вработен во Twitter го избриша профилот на Трамп на својот последен работен ден

- Advertisement -

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес остана без својот профил на социјалната мрежа Twitter цели 11 минути, пред неговиот профил да биде активиран повторно. Не се работи за грешка, имено вработен во компанијата, чиј последен работен ден бил денес, пред да си замине решил да го деактивира профилот на претседателот.

„Дознавме дека ова било направено од службеник на неговиот последен работен ден, а спроведуваме интерна истрага“, наведе компанијата во твит.

- Advertisement -

Twitter додава дека презема чекори со цел да не се повтори слична ситуација. Од Белата куќа засега нема коментари.

(N1 Info)

Сподели!
- Advertisement -