И Онтарио ќе забрани пешаците да користат телефон кога преминуваат улица

- Advertisement -

Хонолулу воведе казни за преминување улица со телефон во рака, Њу Џерси се обиде да го направи истото, а сега во Онтарио, Канада, е предложен законот „Телефоните долу, главата горе“ или како што уште го нарекуваат „зомби закон“, со цел преминувањето улица со телефон во рака да се прогласи за илегално.

Според предлагачот на законот, Иван Бејкер, тој не го намалува значењето на опасноста која ја претставуваат возачите кои возат додека користат телефон. Сепак, не може да се негира дека многумина додека преминуваат улица не се внимателни и не гледаат пред себе. Според експертите, тоа е ризично однесување и мора да се преземат мерки. Токму затоа е овој закон.

- Advertisement -

Законот ќе ги потикне пешаците да бидат повнимателни така што ќе наметне казни за невнимателно преминување улица од 50 долари за прв прекршок до 125 долари за трет прекршок. Во првите девет месеци од годинава 25 пешаци погинале на улиците во Торонто. Минатата година тој број изнесувал 43 пешаци. Според статистиката, 11 од 95 погинати во 2010 година биле луѓе кои користеле телефон додка преминувале улица, а според еден извештај од 2015 година, пешаците кои користат телефон додека преминуваат имаат 40% поголеми шанси да бидат прегазени.

Сподели!
- Advertisement -