Од 2018 година, интернет-продавници на „Тинекс“ и „Космо“

- Advertisement -

 

Трговската компанија „Тинекс” од почетокот на претстојната година ќе пушти во употреба интернет-продавници за трговскиот синџир „Tinex” и за синџирот дрогерии „Cosmo”, пренесува InStore магазинот

Како што информираат во компанијата, во моментов работат на прецизирање на концептот, начинот на работење и на екипирање со кадар кој ќе биде посветен на интернет-тргувањето.

- Advertisement -

Според најавите, проектот ќе стартува на територијата на Скопје, а на корисниците, преку двете продавници, ќе им бидат достапни повеќе од 6.000 производи.

Во интернет-продавницата Tinex ќе бидат опфатени повеќе од 5.000 производи од различни категории, како основни прехранбени производи, млечни и сувомесни производи, деликатесни производи, свежо овошје, зеленчук, месо и риба, пијалаци, здраво храна, козметика и средства за чистење. Во интернет-продавницата Cosmo, за почеток, ќе бидат опфатени 1.000 производи – парфеми и тоалетни води, а во иднина асортиманот ќе го прошириме со повеќе различни категории, како козметика за лице и за тело, декоративна косметика и накит, вели Цветанка Христовска, главен бренд директор на „Тинекс”.

- Advertisement -

Нарачките ќе се доставуваат до домовите или до работните места, а корисниците ќе имаат можност да ги подигнуваат и во неколку маркети што ќе бидат определени за тоа.На почетокот интернет-продавницата ќе биде достапна на територијата на град Скопје, но во иднина планираме оваа услуга да ја понудиме и во другите градови, вели Христовска.

Според предвиденото, плаќањето ќе се врши со платежни картички – дебитни и кредитни.

Сподели!
- Advertisement -