Како што електричните возила ја зголемуваат доминацијата на пазарот се очекуваат повеќе вакви најави во иднина. Кога во Велика Британија се донесе закон сите бензински пумпи да имаат постојки за полнење електрични автомобили , сите рекоа дека тоа не е добра опција затоа што сопствениците на електрични возила повеќе би сакале да ги полнат автомобилите додека шетаат, јадат, се на шопинг и слично.
Royal Dutch Shell се уште поствува така инфраструктура во Велика Британија и во Холандија, но не ги става сите влогови на само една маса. Shell ја купи NewMotion, една од најголемите европски мрежи за полнење електрични автомобили и доби пристап до повеќе од 80.000 станици за полнење поставени во близина на работни места и на други соодветни локации, а нуди и решенија за полнење во станбени населби.
Ова сигурно е паметен потег на Shell затоа што во иднина луѓето 95% од времето ќе ги полнат своите автомобили дома, а не на бензински станици. Со инвестирање во поширока мрежа на решенија, како и побавни станици за полнење од 2 ниво на локации каде што луѓето поминуваат најголем де од времето, Shell се поставува себеси на добра позиција и понатаму да нуди „гориво“ за возилата, па дури и ако тоа не се мери со барели туку со вати.