Запишувајте сѐ! Ќе се изненадите колку тоа ќе направи да се чувствувате успешно и исполнето
Секој дел од вашиот бизнис има потенцијал да ви предизвика стрест и да ве држи будни во текот на ноќта – слаба продажба, голем долг, недоволно пари, проблеми со вработените, проблеми со опремата и работењето. Вашиот мозок постојано ќе работи. Сите ваши проблеми ќе ви се вртат во мислите што ќе ве уморни и вознемирени.
Да сте сопственик на бизнис знае да биде стресно, но стресот може и да се избегне. Колку побрзо научите како да управувате со стресот во вашиот мал бизнис, толку подобро. Еве пет совети за борба против стресот доколку сте sопственик на мал бизнис.
1. Запомнете што е правилно
Како што го градете бизнисот, лесно е да се фокусирате само на работите што тргнале наопаку. Лесно ќе се вознемирите доколку ги гледате единствено доцнењата зад роковите, недостатокот на финансии за одреден проекти или нештата кои треба да се поправат.
Можете да го елиминирате вашиот стрес доколку се потсетите на она што е правилно и што функционира. Наведете ги сите ваши достигнувања и сите пресвртници во бизнисот што сте ги поминале. Веројатно постојат повеќе отколку што свесни. Не ги занемарувајте дури и најмалите достигнувања. Запишете си ги и ставете ја листата некаде каде можете лесно да ја гледате како на бирото или на ѕидот. Секогаш кога ќе се чувствувате под стрес за сите нешта што не се во ред, погледнете во вашата листа и потсетете се на сите останати нешта кои сте ги завршиле успешно.
2. Рангирајте ги вашите задачи.
Една од причините за стрес во бизнисот се многуте обврски без стратегија како да се завршат. Ако се обидете да завршите дел по дел од секоја задача, ќе завршите неколку од нив. Не обидувајте се да направите сѐ одеднаш. Обидете се да се фокусирате на една или на мал број задачи.
Треба да поставите приоритети во своите цели. Запишете сѐ што ви е потребно за да ги извршите, а потоа, рангирајте ги вашите задачи од најобемни до наједноставни. Она што треба да го направите најпрво, нека биде на врвот на вашата листа. Како што ќе работите, фокусирајте се на најважните задачи. Откако ќе ги завршите тие работи, можете да се движите надолу низ листата. Во суштина ќе креирате агенда за себе.
Обидете се да не се обесхрабрувате поради должината на вашата листа. Фокусирајте се на она што треба да го завршите следно.
3. Прочистете го мозокот.
Како сопственик на бизнис, ретко ќе можете да правите поделба помеѓу работата и домот. Постојано ќе размислувате за вашиот бизнис и за работите што би можеле да ги правите дури и кога сте дома, а вашиот мозок постојано ќе мисли на тоа, дури и кога се обидувате да спиете.
Кога мозокот не може да се исклучи од размислување за работните обврски, напишете на лист сѐ што тој се обидува да процесира. Напишете го проблемот, можните решенија и различни белешки. Понекогаш пишувањето може да потрае, но вреди. Откако ќе напишете сè, можете да се опуштите и да заспиете. Нема да мора да се грижите за бизнисот некое време, бидејќи ќе знаете дека сè ве чека подоцна и дека не мора да се грижите дека ќе заборавите нешто.
4. Правете паузи
Ова е веројатно наједноставниот дел од советите за управување со стресот доколку сте сопственик на бизнис – да земате одмори. Земањето кратка пауза може да биде сѐ што ви треба. Одложувајќи го стресот за уште 10 минути, може да ви помогне да се освежите и смирите. Земањето пауза може дури и да ги спречи налетите на бес и нервоза.
Кога ќе се одморите, направете нешто што ве опушта како прошетка, кафе, повик до пријател. Не правете ништо поврзано со бизнисот. Кога ќе се вратите на работата, ќе имате избистрен ум и свежа енергија за да се справите со задачата.
5. Грижа за себе
Доброто здравје е важно кога сте претприемач. Водењето мал бизнис доаѓа со долги ноќи, рани утра, некогаш без викенди и без денови за боледување што го оптоварува телото, а потоа го зголемува стресот.
Треба да се грижите за себе. Не заборавајте да ги правите едноставните работи како пиење вода во текот на денот, редовно јадење и доволен сон. Обидете се да направите и некои дополнителни работи како пазарење во продавница за здрава храна, како и намалување на конзумирањето на кофеин. Кога сте здрави, вашето тело подобро може да се справи со стресот.
Ако можете исто така и редовно вежбајте. Вежбањето не само што ќе ве направи физички поспремни, туку тоа е и одличен метод за управување со стресот. Преку вежбање, можете да ги ослободите вашите грижи и фрустрации, можете да го исчистите вашиот ум и да се релаксирате. Дури и мала количина на вежбање може да го намали стресот.
(Entrepreneuer)