13 македонски социјални претпријатија од денеска се дел од акцелераторска програма во Social Impact Lab од Скопје

- Advertisement -

Социјалните претпријатија од Македонија повторно имаат можност да бидат дел од акцелераторска програма преку која ќе ги зајакнат своите капацитети и ќе го зголемат влијанието во решавањето на проблемот кој тие го детектирале. Програмата започнува во петок на 10.11.2017 и ќе трае се до крај на jуни каде дел од нив ќе имаат можност да ги презентираат своите бизниси пред импакт инвеститори во Виена. Програмата ќе биде целосно бесплатна за социјалните бизниси. Истата е поддржана од одделот за техничка поддршка на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE DF), а имплементиран од Social Impact Lab од Скопје.

Социјалните претпријатија во рамките на акцелераторската програма ќе имаат можност да ги следат следните фази: Бизнис дизајн, Менторирање, Развој на комуникациски вештини. Последната фаза од процесот е учество на локален Warmup ден, преку кој се обезбедува влез во Investment Ready Program, програма која опфаќа менторирање и подобрување на капацитетите на социјалните претпријатија користејќи ги менторите од мрежата на Impact Hub Vienna, во времетраење од 4 до 6 месеци, со неколку посети во Виена. Модулите во рамките на оваа програма, учесниците ќе ги следат во Impact Hub Vienna.

Сподели!
- Advertisement -