За сите што се плашат од нечистотија – крпа која детектира бактерии

- Advertisement -

Јапонската компанија Mizu стартуваше кампања на KickStarter за својот најнов производ – паметна крпа. Тие склучија партнерство со Funded Today за нивниот производ да допре до поширока публика во текот на кампањата. Оваа крпа ќе помогне да се спречи ширење на болести.

По само три дена користење крпите се преполни со стотици илјади организми. Доколку чекате да ја фрлите крпата за перење кога ќе почне да мириса, веќе е доцна и е преполна со бактерии.

- Advertisement -

Mizu е нов вид крпа која може да детектира и да предупреди на присуство на бактерии. Крпата е направена од висококвалитетен памук помешан со екстракти од растенија кои менуваат боја (од сина во црвена) кога ќе се детектираат бактерии. Самата крпа е направена на посебен начин за да се суши многу побрзо од обичните крпи, поттикнува циркулација на кислородот низ неа и на тој начин ефективно се чистат сите мириси.

Mizu може да се пере во обична машина за перење, па со тоа ќе се ресетира бојата, а памукот станува само помек со тек на користење. Mizu се уште може да се поддржи на KickStarter за почетна донација од 20 долари, иако иницијалната цел од 10.000 долари беше достигната за само еден час. Остануваат уште 21 ден до крајот на кампањата, а кога ќе заврши ќе почне производството и доставата до сите поддржувачи во декември годинава.

Сподели!
- Advertisement -