300 луѓе ќе можат да живеат во првиот пловечки град до 2020 година, а замислата е луѓето сами да управуваат со градот. Во градoт ќе има 11 платформи со домови, канцеларии и ресторани за тие што ќе се преселат таму. Плaновите се во изработка, а градот ќе се наоѓа на околу 8.000 километри од Австралија, во близина на брегот на Тахити
Проектот ќе чини околу 60 милиони долари, а го изведува компанијата The Seasteading Institute на чело со Џо Кверк. „Кога би постоел пловечки град, тоа всушност би било стартап држава. Можеме да направиме различни влади за поголема разновидност на жителите“, вели Кверк.
Неговите пловечки структури ќе имаат зелени кровови, ќе го користат локално достапното дрво, бамбусот и кокосовите влакна, но се планира и рециклирање на метал и пластика. Сепак, основачите на овој проект нема да застанат само на еден остров – целта е да се направат повеќе од 1.000 слични проекти. На почеток ќе мора да соработуваат со постојните влади за да можат да ја реализираат својата иницијатива.
„Би сакал и се надевам дека до 2050 година ќе видам барем 1.000 вакви градоци и тоа секој со посебен начин на управување“ изјави Кверк. Милијардерот Питер Тиел инвестираше 1,7 милиони долари во раната фаза од проектот, а во меѓувреме се оддалечи од проектот затоа што, како што изјава, смета дека тоа инженерски не е изводливо и може да се случи дури во подалечна иднина.