- Advertisement -
Хонгконг е градот кој има најодржлив транспорт во светот според индексот 2017 Sustainable Cities Mobility Index
Истражувањето вклучува 100 големи градови од целиот свет, а се базира на 23 индикатори за мобилноста и одржливоста на градските системи за транспорт.
Хонгконг е на чело поради својата иновативна и добро конектирана транспортна мрежа, која дневно има 12,6 милиони патувања. Исто така, транспортот таму е евтин според интернационални стандарди. Дури 90% од сите патувања дневно во Хонгконг се вршат со јавни превозни средства и ова е највисока стапка во светот.
- Advertisement -
Уште два азиски града, Сеул и Сингапур, се меѓу топ 10. Остатокот од топ 10 на листата се најголем дел европски градови како Цирих, Виена, Прага, Лондон, Стокхолм и Франкфурт.
- Advertisement -