Пет лекции од пропаднати компании еднорози

- Advertisement -

Компаниите еднорози се компании проценети на повеќе од 1 милијарда долари, но таа вредност ни оддалеку не е гаранција за одржлив успех или преживување

Многу компании изградени со страст, со добро планирање и потребен интелект пропаднале поради внатрешни и надворешни проблеми. Кога сте на чело на еден бизнис мора постојано да учите од туѓите грешки, дури и од компании кои не се од вашиот сектор. Ова е уникатно време за градење бизнис и иако можеби не сте од технолошката индустрија, еве неколку лекции од кои можат да учат сите компании.

1. Не ветувајте премноу
Битно е да се имаат големи цели и амбиции, но бизнисот не треба да се базира на нешто што не може да го исполни. Една од приказните кои привлекоа најголемо внимание минатата година беше компанијата Theranos од Силиконската Долина. Theranos вети квантен скок нанапред во технологијата за тестирање на крвта. Луѓето секогаш сакаат да најдат нешто ново, а тоа особено важи за полето на медицината.

- Advertisement -

За жал, фактите не ги потврдија нивните ветувања и компанијата сега се соочува со повлекување на инвеститорите и пред американскиот Конгрес мора да одговара за лажните ветувања. Желбата за успех е горивото на една компанија, но не смеете да дозволите поради тоа да ветувате кули и замоци.

2. Ценете ги вработените
Довербата на јавноста е само едно од нефизичките средства кои ги поседува една компанија чија вредност не смее да се занемари. Друго малку померливо е работната сила. Било да сте стартап или компанија со илјадници врабитени, луѓето кои ги плаѓате за нивната работа се тие кои го движат моторот на компанијата и доколку ги злоупотребувате си наштетувате сами на себе.

- Advertisement -

Стартапот еднорог WeWork со канцеларии на 52 локации во 16 градови се соочи со незадоволство од хигиеничарите, кои бараат подобри услови за работа. Компанијата одговори со опуштање од работа на сите нив одеднаш, драстично погрешно ја процени ситуацијата и си нанесе непоправлива штета. Во походот кон ширење компанијата ги занемари вработените кои ја донесоа до вредност на еднорог и за тоа се уште плаќа скапа цена.

3. Бидете реални
Откако ќе добиете пофалби и добри оценки, разбирливо е зошто можете да се вообразите и да дозволите да ве понесе оптимизмот. Искушението да почнете да трошите како да сте „голем плен“ може само да ви наштети доколку не сте стигнале на потребното ниво. Реалниот раст и постепеното ширење ќе ви дадат солидна основа за да не се срушите. Трпението е доблести доколку не сте доволно трпеливи, ви се гледа крајот.

- Advertisement -

Fuhu, пример, беше компанија која произведуваше технологија за деца и брзо се префрли од софтвер на хардвер, но претера со проекциите за очекувани приходи. Притисокот да се исполнат тие предвидувања беше премногу голем и новите производи кои требаше да ги донесат до целта потфрлија, па компанијата си направи долг од 100 милиони долари кај снабдувачите. Откако прогласи банкрот, беа купени од Mattel за мал дел од првичната вредност на компанијата.

4. Искреност на прво место

Клиентите и корисниците се највредното што го поседува една компанија. Доколку не сте искрени со нив, ќе зажалите. Пред неколку години компаниите за виртуелни спортови DraftKings и FanDuel, кои беа конкуренција едни на други со идентични производи, наголемо стартуваа реклами дека луѓе кои ги играле нивните игри станате богаташи и дека секој може да го постигне тоа.

Вистината беше дека мал број опседанти играчи заработија големи пари, додека обичните корисници за кои беа наменети рекламите беа измамени. И не само тоа. Вработените почнаа да продаваат инсајдерски информации за да добијат пари од конкурентската компанија. Тоа привлече уште понегативно внимание од јавноста и се вклучи и правниот систем. Ваквите нечесни практики компаниите со астрономски успех ги донесоа до буквална нула за многу кратко време.

5. Подгответе се за сериозна конкуренција
Можете да имате одлична идеја, но кога почнувате стартап може да се случи да имате потенцијални сериозни конкуренти во иднина. Како што растете мора да се подготвите да се соочите со интересите на другите компании. Немојте да се зачудите а взвратат со силни удари.

Оваа лекција можете да ја научите од Evernote, познат и како првиот мртов еднорог. Нивниот бизнис софтвер привлекоа огромно внимание и капитал, но поради стагнирачкиот раст додека нивните производи да стигнеа на полиците беа претркани од конуренцијата како Google, Microsoft и Apple.

(Entrepreneur)

Сподели!
- Advertisement -