Најголемата ботаничка градина во светот ќе се гради во пустина во Оман

- Advertisement -

Можеби пустинскиот пејзаж на Оман не е првото место што ви паѓа на памет за една ботаничка градина, арапската нација ќе добие една инфузија на зеленило – ќе стане дом на најголемата ботаничка градина во светот. Oman Botanic Garden е дизајнирана од Arup, Grimshaw and Haley Sharpe Design и ќе го покажува биодиверзитетот на земјата на површина од околу 420 хектари. Таму ќе бидат изложени најуникатните видови растенија во Оман.

Inhabitat пишува дека ботаничката градина ќе биде лоцирана во подножјето на планините Ал Хаџар во султанатот Оман. Локацијата е една од неколкуте во светот каде што дното на океанот се гледа и откако бил издигнат околниот релјеф поради тектонски активности. Токму поради таквиот релјеф дизанерите направија еден комплекс кој ќе се вклопи во овој марсовски пејзаж.

- Advertisement -

Посетителите на градината ќе можат да пешачат по отворени патеки низ ондулирачкиот пејзаж, низ вади, нис планини и низини додека уживаат во импресивниот ботанички диверзитет. Во двете биосфери, каде што ќе биде сместена уникатната флора, ентериерот е внимателно дизајниран да ја имитира надворешната температура и влажноста на природната клима. Ќе има и дополнителни простори за едукација и истражување посветени на заштита на биодиверзитетот.

Сподели!
- Advertisement -