- Advertisement -
Ова е одлично место за ноќевање. Спиете во дивина под ведро небо, а сепак ви удобно и топло, велат посетителите на необичниот хотел. Имено, хотелот „Пет милиони ѕвезди“ во градот Скалхолт во Исланд нуди сместување во балони кои се наоѓаат длабоко во шумите на Исланд.
Собите-балони нудат уникатен поглед на дрвјата покриени со снег, а она што посебно ги радува гостите е зовршениот поглед на небото над Исланд, каде што многу често се појавува поларна светлина.
- Advertisement -
„Ова мора да го проба секој што ќе дојде во Исланд“ велат посетителите. Цената на едно ниоќевање во балoн е околу 132 евра. Треба да напоменеме и дека во собите нема купатила ниту јадење или пиење, но на крајот на денот доживувањето е она што се плаќа.
- Advertisement -