Зошто 70% од извршните директори на највредните компании во светот се инженери?

- Advertisement -

Лекции за тоа како може инженерството да ве научи да раководите со тим!

Генералното мислење до неодамна беше дека доколку сакате да водите компанија, мора да имате диплома од економија и финансии. Но времињата се менуваат, па така седум од десетте највредни компании во светот денес се водени од инженери. За волја на вистината, голем дел од тие компании се технолошки гиганти од Силиконската долина: Apple, Alphabet, Microsoft and Amazon, Facebook and Tencent.

- Advertisement -

Иако започнувањето на бизнис бара дополнителни активности како истражување на пазарот, еве како инженерската диплома всушност ви помага доколку посакувате еден ден и вие да водите вредна компанија.

1. Соочување и решавање на проблеми

- Advertisement -

Програмерите знаат дека понекогаш важен дел од нивната работа е справувањето со грешките при програмирањето на кодовите. Притоа, тие мораат да размислуваат каде погрешиле и секако да ги поправат евентуалните грешки. Доколку пак се работи за производ, она што помага е да се разгледа проблемот од перспектива на купувачот.

Откако ќе се препознае проблемот, започнува решавањето. Кога се студира инженерство, решавањето на проблеми е едно од најважните нешта кои се учат. Постојат бројни стратегии за идентификување на проблеми и наоѓање одговори. Инженерите најчесто ги решаваат проблемите преку расклопување на поситни делови.

- Advertisement -

Ова не значи дека тие се деструктивни, туку се љубопитни за тоа како нештата функционираат. Не постои подобар начин за да се реши некој проблем од расклопување на истиот.

2. Неуспехот е дел од процесот

Ако посакувате брз раст за компанијата, потребно е да преземете големи ризици кои носат потенцијал за големи награди. Но тоа значи дека од време на време нема да успевате. Ако учите од овие неуспеси, тогаш бргу ќе се вратите назад на две нози и ќе научите од нив.

Додека многу луѓе се чувствуваат несигурно кога ќе доживеат неуспех, инженерите знаат дека така се чекор поблизу до одговорот. Томас Едисон рекол: „Не е дека не сум успеал, туку само најдов 10 000 начини кои не успеваат.“ Ова е суштината на откритието и иновациите.

3. Култура на постојано учење

Живееме во период на постојани, радикални промени. Но за среќа, инженерите се обучени да бидат брзи ученици бидејќи постојано мораат да учат нови работи за да останат во игра. Исто е и со бизнисот. За да напредувате, мора да ги следите трендовите кои излегуваат, да откриете како функционираат, а потоа да најдете начин како да заработите на нив пред конкуренцијата.

Да се биде инженер, има свои предности, но важно е и да ги препознаете вашите слабости. Најголем дел од студиските програми по инженерство не учат за маркетинг, продажба, финансии или човечки ресурси, но учењето по пат исто така може да се исплати.

Што е клучното при транзицијата од инженер до извршен директор? Да се остане скромен и љубопитен.

Сподели!
- Advertisement -