Нова линија чевли е наменета да не се убиваат животни за нивно производство и да бидат одржливи така што се внимава на аспект од материјалот и од производството. Veerah Shoes ја заменија кожата со материјал направен од преработени лушпи од јаболка, а резултатот се навистина прекрасни и уникатни чевли, пренесува сајтот GreenMatters
Основачот на Veerah, Стејсти Ченг, е вегетаријанец веќе 12 години и сакала нејзината линија да ги содржи најбитните вредности за кои се залага. Тие вредности се сочувствување со другите со цел да светот да стане помирно и поодржливо место за живот. Бидејќи седиштето им е во Њујорк, освен што се одржливи, материјалот го претставува самиот град – Големото јаболко.
Материјалот од кој се направени чевлите е сличен на кожата, но овозможува подобро дишење на ногата и е пофлексибилен. Компанијата има сертификат PETA, односно се залага за користење материјали кои се добри за планетата. „Кожата“ е обложена со органски памук, а во производството се користат и рециклирани шишиња. Дури и кутиите во кои се пакуваат чевлите се направени од рециклирана хартија, мастило од соја, а хартијата внатре е направена од камен.
Уште нешто уникатно кај чевлите е што може да се прилагодат на корисникот, односно може да се додаваат аксесоари како панделки, светки, ремчиња. Така можете да купите еден пар, а секој пат кога ги носите да имате нови чевли. Така ќе се намали и отпадот затоа што нема да фрлате еден куп износени чевли или чевли кои не се во мода.