BMW има визионерски концепт за патишта за електрични возила

- Advertisement -

Одржливоста на сообраќајот изминатите години е ставена на тест во сите поголеми градови, а особено во тие во Кина. Урбанизацијата е се поголема, а инфраструктурата на патиштата го надминува својот максимум. Резултатите најчесто се метеж и загадување, а со тоа и намален квалитет на животот

Групацијата BMW дојде до идеја која би можела да го промени начинот на кој луѓето патуваат од работа до дома. Технолошката канцеларија на BMW во Шангај го осмисли проектот BMW Vision E3 Way, визионерски концепт дизајниран да понуди поедноставно и делотворно решение за сообраќајот. Станува збор за подигнати патишта за електрични возила на две тркала кои ќе ги поврзуваат клучните сообраќајници.

Тие подигнати патишта ќе значат нов простор, а дизајнот е едноствен и модуларен. Идеални би биле за пат до 15 километри. Во Кина до 2050 година ќе живеат повеќе од милијарда луѓе, а таа земја може да стане инкубатор за многу иновации затоа што нема место на светот каде што треба да се делува побрзо отколку таму.

- Advertisement -

Климатизираните рампи и одводните системи ќе се користат за концептот на BMW да се поврзе со нормални патишта, подземни станици и трговски центри. Акцентот се става на тоа концептот нема автомобили, па тешките сообраќајни незгоди лесно се избегнуваат. Од BMW порачуваат како се надеваат дека нивниот концепт набрзо ќе се најде во најгусто населените градови во светот, а патувањето низ мега градовите ќе стане помалку загадено и позабавно.

Сподели!
- Advertisement -