Девет неверојатни рекорди на социјалните мрежи

- Advertisement -

Социјалните мрежи се релативно млад феномен, но и покрај тоа, тие веќе постигнаа импресивни бројки и поставија неверојатни рекорди. Впрочем, кој може да го замисли животот без Фејсбук, Инстаграм, Твитер и другите социјални мрежи.

Ова се неколку интересни рекорди поврзани со социјалните мрежи.

- Advertisement -

1. Објава со најмногу лајкови на Инстаграм

Рекордот долги години го држеше Бијонсе со објавата на својата последна бременост. Но, од тронот ја симна една од сестрите Кардашијан, Кајли Џенер, кога во февруари 2018 година го најави раѓањето на нејзината ќерка Сторми. Моментално, сликата има речиси 18 милиони лајкови.

- Advertisement -

2. Објава со најмногу лајкови на Твитер

Поранешниот претседател на САД Барак Обама, може да се пофали со многу следбеници на Твитер, а неговиот цитат на Нелсон Мандела, кој го објави за време на немирите во Шарлотсвил минатата година, доби повеќе од 4,5 милиони лајкови и речиси 1,7 милиони ретвитови.

- Advertisement -

3. Првото видео на YouTube

Првото видео кое некогаш е објавено на YouTube трае само 19 секунди и го прикажува ко-основачот на YouTube, Џавед Карим, во зоолошка градина. Видеото досега собрало импресивни 51 милиони прегледи за 13 години колку што е достапно за прегледување.

4. Најмногу следбеници на Твитер

Иако со текот на годините на листата на најследени личности се менувале разни познати луѓе, во последно време на тронот со најмногу следбеници на Твитер се наоѓа американска пејачка Кети Пери со неверојатни 109 милиони следбеници. Следат канадскиот пејач Џастин Бибер од 106 милиони и поранешниот американски претседател Барак Обама со 103 милиони. Исто така е интересно да се забележи дека најследен претприемач на Твитер е основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс со нешто повеќе од 46 милиони следбеници.

5. Видео со најмногу прегледи

Речиси нема човек во светот кој не го слушнал минатогодишниот летен хит „Деспасито”. Видеото за оваа песна е прегледано неверојатни 5 милијарди пати. А бројката се зголемува и понатаму. Не е познато колку луѓе ја слушнале оваа песна повеќе од еднаш, но и без тие податоци, бројката е импресивна.

6.Најпопуларни фан страници на Фејсбук

Многумина во изминатите неколку месеци одлучија да го намалат користењето или дури и целосно да го изгаснат својот профил на Фејсбук. Но, милијарди луѓе ширум светот сеуште ја користат оваа најпопуларна социјална мрежа во светот. Дел, бидејќи тоа им е канал за комуникација со пријателите, а дел затоа што можат да добијат информации за своите омилени луѓе и брендови на едно место. Интересно е да се види дека трите страници кои имаат најголем број на следбеници на Фејсбук се всушност Фејсбук фан страниците – Facebook, Facebook Sales Germany и Facebook for Every Phone по 208 милиони следбеници. Следат Samsung Mobile USA со 156 милиони следбеници и португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо со 122 милиони следбеници.

7. Најпопуларната социјална мрежа

Дали треба воопшто да истакнеме дека Фејсбук со повеќе од 2,2 милијарди активни корисници е најпопуларната социјална мрежа во светот? Следи YouTube со 1,5 милијарди, Instagram со 813 милиони корисници и Tumblr со 794 милиони корисници.

8. Најпопуларна апликација за допишување

WhatsApp е убедливо најпопуларната апликација за размена на инстант пораки со повеќе од 1,5 милијарди активни корисници. Следува Facebook Messenger со 1,3 милијарди и WeChat со 980 милиони.

9. Емотикони кои најмногу збунуваат 

Емотиконите или смајлињата се неизбежен дел од дигиталниот живот. Ги користиме во пораките, објавите на социјални медиуми, апликациите за допишување, па дури и во мејловите. Но, од многу различни емотикони, понекогаш е тешко да се избере вистинскиот, а неколку од нив со својот изглед ги збунуваат корисниците низ целиот свет. Затоа е особено интересно да се нагласи емотиконот кој, според студијата на Универзитетот во Минесота најмногу ги збунува корисниците. Станува збор за смајли со “цврсто затворени очи и отворена уста” за кои луѓето рекле дека означува еуфорична смеа, но и екстремна болка.

(Marketing365)

Сподели!
- Advertisement -