Проектот New Europe 100 ги обединува иноваторите од регионот

- Advertisement -

Креираат е-галерии со архиви, се борат против отпадот од храна, ја оживуваат класичната уметност и во сето тоа користат нови технологии учесниците во проектот New Europe 100, мрежа од иноватори од Централнa и Источна Европа. Целта на проектот New Europe 100 е да се изгради мрежа од иноватори од регионот кои едни на други ќе сеи бидат поддршка и така ќе се поттикне развојот. Стотина најиновативни поединци и тимови, кои годинава се приклучуваат на New Europe 100, деновите беа претставени во Софија, а регионалните иноватори од мрежата New Europe 100 истовремено организираа настани во Полска, Чешка, Словачка и во Унгарија.

Годинашните финалисти во најголем број случаи се тимови, а не поединци. Тоа укажува дека иднината и успехот на иновациите зависи од квалитетот и зачестеноста на учеството во мрежата за соработка. Просперитетот зависи од можноста за соработка. Тоа е така затоа што единствено со заеднички труд може да се постигне траен ефект. Од таа причина мрежата New Europe 100 ги поврзува најуспешните дигитални претприемачи, активисти од регионот ЦИЕ.

- Advertisement -

Zimo пишува дека годинава на листата New Europe 100 има дури четворица хрватски претставници. Меѓу лауреатите се Ненад Бакиќ, opinion leader во јавни расправи за економски, дигитализациски европски развој на единствен пазар; Матија Жуљ, кој на земјоделците им помага да остварат одржливо, ефикасно и профитабилно производство; Доминик Томичевиќ од Memgraph и Стевица Кухарски од Locodels.

Фокусот на годинашното издание беше ставен на тимската работа. Зa иноваторите да станат одржлив двигател на раст на дигиталната економија треба да делуваат во мрежи од контакти и регионална соработка. Глобалниот успех на регионот може да се потпомогне со координација на технолошките напори, споделување на знаење и искуства, како и со заедничко поттикнување на интересот на Централна и Источна Европа како регион погоден за развој на иновации со големи амбиции и поголема отвореност за експериментирање и преземање храбри ризици од страна на претприемачите.

Сподели!
- Advertisement -