Од полноќ нови цени на бензините

- Advertisement -

Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за 1 денар, односно 1,5 денари, а цената на дизелот и екстра лесното масло останува непроменета

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65,5 денари за литар, а на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар. Цената на дизелот не се менува, и еден литар дизел и наредните две седмици ќе чини 54 денари.

Мазутот М – 1 НС се намалува за 0,998 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13. ноември 2017 година и сега ќе изнесува 28,353 ден/кг. Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 62,068 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 52,17 денари.

Сподели!
- Advertisement -