Оригами роботски мускули можат да кренат 1.000 пати поголема тежина од сопствената

- Advertisement -

Истражувачи од Лабораторијата за компјутерски науки и вештачка интелигенција на МИТ и Институтот Вајс на Харвард развија роботски мускули инспирирани од јапонската уметност за правење форми од хартија

Технологијата, која може да се состави за само 10 минути, има скелет сличен на оригами кој е засилен со кеса наполнета со вода или воздух. За мускулите да се прошират или да се контрахираат како што прават мускулите на рацете треба само да се намали или да се зголеми притисокот во кесата. Досегашните тестирања покажаа дека овие мускули можат да дигнат до 1.000 пати повеќе од сопствената тежина.

- Advertisement -

Внатрешниот мек скелет на роботските мускули може да се направи од различни материјали, а флексибилноста и движењето зависат од тоа како се превиткани. Со помош на алгоритми се бараат шеми на виткање кои се речиси бесконечни, а се овозможуваат и посложени движења како виткање. Бидејќи се евтини за изработка и може да се направат многу брзо, лесно ќе може да се произведуваат и лесно ќе се поправаат, информира Inhabitat.

Меките роботски мускули може да се изработат во различни големини од сантиметар до метар за да се зголеми силата, односно колку се поголеми толку повеќе можат да дигнат, а доколку се комбинираат може да се добијат посложени системи. Со комбинирање четири мускули, на пример, се добива цела рака која може да држи една автомобилска гума. Со додавање други мускули ќе се овозможи хоризонтално движење и гумата може да се преместува.

- Advertisement -

Според истражувачите, ваквата технологија може да се примени за медицински помошни уреди, за истражување на вселената, за егзоскелети, во складишта и логистика или за ракување со предмети кои се кревки или имаат необична форма.

Сподели!
- Advertisement -