Хрватските стартапи привлекле вкупно 100 милиони долари за пет години!

- Advertisement -

Во југоисточна Европа, според податоците на Atomico, најуспешните стартапи по привлекувањето на капитал се оние од Хрватска. Во периодот од 2012 – 2016, хрватските стартапи привлекле инвестиции од 100 милиони долари

Според истражувањето The State of European Tech спроведено од Atomico, кое беше презентирано на најголемата европска стартап конференција во Хелсинки деновиве, Хрватска е позиционирана во група со држави како Луксембург, Литванија, Португалија и Кипар според износот на инвестиции.

Најмногу инвестиции во стартапи привлекла Велика Британија со 18,7 милијарда долари, Германија со 11,4 милијарда долари, Франција со 10 милијарда долари, а после следуваат и Шведска, Шпанија, Холандија, Русија и Швајцарија.

- Advertisement -

Од државите во регионот, покрај Хрватска наведени се и Романија и Унгарија, но стартапите во овие држави привлекле помалку од прагот од 100 милиони долари.

Atomico не објави конкретни податоци за останатите држави од регионот, освен дека сите тие заедно добиле инвестиции колку што добила само Хрватска.

- Advertisement -

Инвестициите во Хрватска не се наведени поединечно по стартап, но Poslovni Dnevnik пишува дека голем дел од инвестициите всушност отпаѓаат на Мате Римац со неговата компанија Rimac Automobili.

Сподели!
- Advertisement -