70 % од вработените не работат со полн потенцијал само поради една причина

- Advertisement -

Мотивираноста на вработените зависи од менаџментот, а компаниите не успеваат да го изберат вистинскиот менаџер дури 82% од времето!

Според истражувањето кое неодамна го спровела американската консултантска куќа Gallup, 70% од вработените во една компанија доаѓаат на работа без при тоа да бидат целосно посветени да го докажат своето најдобро извршување. 52% пак од нив го минуваат работниот ден како да месечарат, а 18% од нив се зафатени глумејќи дека работното место ги исполнува.

Консултантската куќа во своето истражување заклучила дека за да се реши оваа криза, големите менаџери (како оној на Google) треба да ја разбираат човечката природа и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат луѓето. Но прво, треба да се постават вакви менаџери на секое организациско ниво во компанијата.

- Advertisement -

Кога компанијата ќе ја поттикне вклученоста на вработените во работата во апсолутно секое ниво на бизнисот, тоа ќе донесе поголема профитабилност, продуктивност и промет.

Каде е проблемот?

- Advertisement -

Проблемот се појавува бидејќи прво морате да ги најдете токму тие менаџери. Gallup открила со истражувањето дека компаниите не успеваат да го изберат најдобриот кандидат со вистинскиот менаџерски талент дури 82% од времето.

Згора на тоа, менаџерите кои всушност го поседуваат тој талент, се далеку и се неколкумина на број; 1 во 10 менаџери го има она што е потребно за да се направи влијание и да се подобри извршувањето на компанијата. Неуспехот да се идентификува вистинскиот талент, ги чини компаниите милијарда долари годишно.

- Advertisement -

Доколку би покажале кон некого со прст, кого би обвиниле за оваа ситуација? Истражувањето е посебно критично кон компаниите кои ја игнорираат науката позади она што го создава одличниот менаџер, а потоа поставуваат погрешни луѓе на тие позиции. Кога Gallup ги прашала менаџерите зошто мислат дека се поставени на тие функции, најчестиот одговор бил поради нивниот успех на претходната позиција која не била менаџерска или поради нивниот мандат.

Со други зборови, најголемиот дел од компаниите прават огромни грешки и грешки што ја чинат компанијата со тоа што унапредуваат луѓе во менаџерски позиции поради причина дека тие тоа го заслужиле, наместо поради причина дека поседуваат талент за да бидат менаџери. Овде лежи проблемот.

Кое е решението?

Додека искуството и вештините се важни, вродениот талент кај луѓето е она што го предвидува нивното успешно менаџерско извршување. Gallup набљудувала неколку менаџери кои покажале дека го поседуваат талентот за тоа и извлекле пет клучни карактеристики кои менаџерите треба да ги поседуваат:

  • Да го мотивираат секој поединечен вработен да презема акција и да ги вклучува вработените во работниот процес со убедлива мисија и визија.
  • Да имаат самоувереност за да креираат резултати и способност да надминуваат катастрофи и отпорност.
  • Да создаваат култура во која секој носи одговорност за своите постапки.
  • Да градат врски кои се базираат на доверба, отворен дијалог и целосна транспарентност.
  • Да донесуваат одлуки базирани на продуктивност, не на политики.

Иако да се пронајдат менаџери кои ќе ги исполнуваат сите овие критериуми е навистина ретко, кога вакви менаџери ќе се постават на секое организациско ниво, Gallup заклучила дека стапката на вработените кои се активно вклучени во работата се зголемува двојно и дополнително тие во просек остваруваат 147% повисока заработка од акција во однос на компанијата конкурент.

Потенцијалниот менаџерски талент можеби се крие помеѓу вашите ѕидови!

Без разлика каква е ситуацијата на пазарот на трудот, како што веќе споменавме, 1 во 10 луѓе поседува вакви квалитети. Ова значи дека веројатноста е голема дека токму ваквиот талент можете да го најдете во вашите вработени – со големи шанси дека тоа не е вашиот менаџер. Најверојатно тоа е некој вработен со висок менаџерски потенцијал кој чека да биде откриен.

Извршниот директор на Gallup, Џим Клифтон ја сумираше во една реченица сериозноста на ова прашање: „Единствената најголема одлука која ја донесувате во вашата компанија – најголема од било која друга – е кого ќе именувате за менаџер. Кога ќе ја поставите на менаџерска функција погрешната личност, ништо нема да ја поправи таа грешка.“

Сподели!
- Advertisement -