Аналитичката куќа GlobalData спроведе истражување за консумацијата на Интернет на мобилни уреди, Според истражувањето, Европејците годинава потрошиле просечно по 2,4GB мобилен Интернет месечно по СИМ картичка. Сепак, има огромни разлики меѓу количината гледано земја по земја.
Како што пренесува ArchyWorldNews, на прво место на листата се Финците со потрошени просечно 13,3GB мобилен Интернет месечно. На второ место, со речиси половина од Интернетот што го трошат Финците – 5,7GB следуваат Австријците. После нив на трето место се Полјаците со 3,7GB месечно и Русите со 3,5GB.
На спротивниот крај на листата се Украина, Словачка, Чешка и Германија со просечна потрошувачка на мобилен Интернет по СИМ картичка од помалку од 1GB. Романците исто така трошат малку мобилен Интернет, помалку од 2GB месечно, што е помалку и од европскиот просек.