Мартинките станаа светско духовно културно наследство. Обичајот да се носат мартинки се впишани на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото под закрила на УНЕСКО
Апликацијата е изгласана на 12. состанок на Комитетот за заштита на нематеријалното културно наследство кој од 6 до 9 декември се одржува на островот Чеџу во Јужна Кореја, пишува порталот Факултети.
Мартинките се мултинационална апликација, бидејќи обичајот не се практикува само во нашата земја, туку и во Бугарија, Романија и во Моладавија. Сите четири земји го подготвија досието рамноправно.
На овој состанок на УНЕСКО на дневен ред ќе се најде и прославувањето на прославувањето на Хидерлез во Македонија. На агендата е и доделувањето на акредитации на невладини организации. На списокот на 50 невладини од цел свет се најде и Центарот за научни истражувања и промоција на културата ХАЕМУС од Скопје. Оваа организација веќе неколку години во март организира случувања за промоција и задржување на традицијата на мартинките во Македонија.