Овие сламки за пиење се првите во светот кои може да се јадат

- Advertisement -

Еве нешто што можеби не сте помислиле дека ќе го видите во некој коктел бар или кафуле – откако ќе го испиете пијалакот, наместо да ја фрлите сламката со која сте пиеле и да се распаѓа наредните 200 години, сега можете да ја изедете.

Кога ќе размислите дека вие придонесувате за наредните два века Земјата да се бори со пластичен отпад, нема коктел што е доволно вкусен за свесно да направите штета. Токму тоа ги натерало Челзи Бриганти и Леи Ен Такер да ја направат Lolistraw, односно сламката за пиење која се јаде, пренесува GreenMatters.

- Advertisement -

Бриганти и Такер се основачи и заедно управуваат со стартапот Loliware, а нивните сламки се направени од алги. Тие претходно ги произведоа и првите чаши во светот кои може да се јадат.

„Откако ги направивме првите чаши кои се јадат, одлучивме уште повеќе да придонесеме за намалување на пластичниот отпад во светот. Бидејќи пластичните сламки не може да се рециклираат, тие се големи загадувачи на океаните. Тоа е проблем ко ги загрижува консументите, заедниците и компаниите во целиот свет и токму затоа сме пресреќни што најдовме решение“ вели Такер.

- Advertisement -

Lolistraw функционираат како сите пластични сламки, но не содржат пластика. Направени се од лаги, лесно се разложуваат и на копно и во вода, не се генетски модифицирани. Освен тоа, Lolistraw може да се разложува и дома во системи за разложување, што не е случај со други прибори за јадење направени од растенија.

Пред да се стави сламката во пијалак изгледа како пластика, но потоа пијалакот ја прави одлична за јадење. Освен тоа, сламките може да имаат различен вкус и уште повеќе да ги разубават пијалаците. Замислете само да пиете топло кафе со сламка со вкус на ванила или карамел. 

- Advertisement -

Бриганти и Такер се одлучиле да ги употребат алгите како материјал затоа што е обновлив извор за кој не е потребно земјиште за одгледување и наместо да испушта јаглерод диоксид, всушност, го апсорбира. Стартапот Loliware планира да склучи партнерство со фармери кои одгледуваат морска трева за во иднина уште повеќе да го доработат производот. Тие планираат и кампања на Kickstarter.

Тие засега разговараат со големи компании од три сектори: ресторани за брза храна, кафулиња и бароци за цедени сокови. Со својата кампања на Kickstarter за нив ќе имаат посебна понуда. За донација од 5.000 долари бизнисите ќе добијат 10.000 сламки Lolistraw, плус Loliware ќе организира промотивна кампања заедно со сите бизниси.

Сподели!
- Advertisement -