Светска банка по 2019 година ќе престане да ги финансира ситe проекти за нафта и гас

- Advertisement -

Една од водечките светски финансиски институции најави дека планира да прекине со финансирањето на проектите за нафта и гас. На самитот One Planet, Светска банка официјално објави дека ќе прекине да ги финансира нафтата и гасот по 2019 година. Најавата е дел од напорите на Светска банка да им помогне на земјите во развој да ги достигнат целите зацртани со Парискиот договор за климатски промени.

Претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким, францускиот претседател, Емануел Макрон и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутјерес ги собраа светските лидери на самитот One Planet за заедно да работат на проблемот со климатските промени, пренесува Inhabitat.

- Advertisement -

Овој потег има за цел да им помогне на земјите да ги достигнат целите од договорот во Париз. Во исклучителни околности се прават исклучоци за некои земји, особено ако се има предвид финансиското влијание на гасот врз сиромашните земји. Џим Јонг Ким порача дека секој ден климатските промени стануваат итен економски, социјален и егзистенцијален проблем за сите и потребни се инвестиции од трилиони, а не милијарди долари за да се исполнат целите од договорот од пред две години.

Светска банка е на пат да ја достигне целта 28% од заемите што ги даваат до 2020 година да бидат насочени кон справување со климатските промени. Исто така, веруваат дека ќе ги достигнат и таргетите од Акциониот план за климатски промени односно помагање на земјите во развој да обезбедат доволно енергија од обновливи извори за 150 милиони домови или 30 гигават-часови.

Сподели!
- Advertisement -