Британски хемичари од Универзитетот во Бристол направија први чекори кон создавање на одржливо гориво со пиво како клучна состојка.
Познато е дека етанолот не е идеална замена за бензин поради густината на енергијата, премногу се меша со вода и така доведува до корозија на моторот. Научниците сметат дека многу подобра алтернатива за гориво е бутанол, но тешко е да се произведе од одржливи извори.
„Алкохолот во алкохолните напитоци всушност е етанол, токму онаа молекула која сакаме да ја претвориме во бутанол како замена за бензин.“, изјавил Данкан Вас, раководител на истражувачкиот тим.
Ако нивната технологија успее со користење на најквалитетното пиво, станува збор за проект со огромен потенцијал. Научниците од Бристол веќе неколку години работат на развој на оваа технологија, а во процесот користат хемикалии кои ја забрзуваат и контролираат хемиската реакција и веќе имаат примена во петрохемијата.
Пивото е одличен модел на мешавина од хемикалии кои би се искористиле во реалниот индустриски процес, а ова истражување е доказ дека оваа технологија е сѐ поблизу до примена во реалноста.