Бизнисите кои настапуваат од единствена и иста перспективна, најчесто се обидуваат сите проблеми да ги решат со ист пристап.
Разноликоста веќе е неопходна и за технолошкиот свет. Ова го докажуваат неколку примери. Пред неколку години, тим од програмери во YouTube во кој сите членови биле деснораки, дизајнирале апликација преку која видеата се закачувале на мрежата обратно доколку апликацијата ја користеле левораки. Исто така, првите инсталирани воздушни перничиња во автомобилите ги загрозувале жените и децата бидејќи биле дизајнирани според димензиите на просечно машко тело.
Зошто треба да почнете да размислувате за ангажирање на различни луѓе доколку водете една технолошка компанија?
1. Креативноста е поизразена во разнолики средини
Ако сакате моќен тим од луѓе кои ќе работат на решение за одреден проблем, разноликоста ви е најсигурен чекор. Истражувања покажале дека кога ќе се спојат луѓе од различни култури, образовни дисциплини, позадини и светогледи, тоа резултира со поуспешни производи. Луѓе со различни искуства, на различен начин ги интерпретираат и им пристапуваат на проблемите. Како што повеќе соработуваат, толку поиновативни и креативни решенија создаваат.
Зошто ваквите разнолики средини се реткост за технолошката индустрија, аналитирачите проблемот го гледаат во тоа што постои дискриминација за миленијалците кои се со афричко-американско и латинско потекло, а токму овие генерации се оние кои носат најмногу талент.
2. Компаниите губат големи таленти
Оние компании кои се фокусираат само на одредени демографски групи кога ангажираат нови кандидати и воопшто не ги земаат предвид сите таленти кои постојат на пазарот на трудот. Големите технолошки компании секогаш ги сакаат најдобрите решенија и ја поттикнуваат креативноста и иновативноста. Меѓутоа што се случува доколку најдобрата идеја воопшто не е ставена на маса? Што се случува доколку најдоброто решение го има некој кој компанијата намерно одлучила да не го ангажира поради неговата позадина?
Едноставно, технолошката компанија треба да биде поинклузивна, а ова започнува уште од почетокот на нејзиното градење.
3. Разноликоста е нешто што секоја компанија треба да го прифати на време
Постојат многу логични аргументи и аргументи базирани на истражување кои ја поддржуваат потребата за разноликост во технолошката индустрија. Но исто така, ова е и правилната одлука. Социјалната нееднаквост е појава од минатото и треба да остане таму. Кога не ги вклучуваме сите заедници, тогаш губиме различни предности.
Лидерите на компаниите и сопствениците на бизниси мораат да преземаат чекори кон тоа технолошката индустрија да ја прифаќа и да ја поттикнува разноликоста. Само на овој начин, компаниите ќе ги имаат достапни сите таленти кои ќе придонесат кон растот и развојот на бизнисот.