Три фрази кои треба да ги избегнувате за да поттикнете иновации во компанијата

- Advertisement -

Иновативноста е една од најважните алатки за развој на бизнисот и раст во светот кој бргу се менува. Без разлика во која индустрија делувате, развојот е неизбежен за компанијата доколку воведува иновации

Сепак, голем дел од компаниите се соочуваат со проблеми кога треба да поттикнат иновативно размислување бидејќи не посветуваат внимание на малите детали на организациската култура: секојдневните незабележливи коментари со кои суптилно им се посочува на вработените дека не треба да истражат нова идеја туку некој друг да им наложи што треба да работат.

- Advertisement -

Вокабуларот кој го користите како менаџер на одредена компонија пред своите подредени, иако делува дека не носи штета, во реалноста сериозно го сузбива иновативниот потенцијал.

1. Според најдобрите практики

- Advertisement -

Кога ќе употребите ваква фраза и ќе им посочите на вработените да се држат до „правилата“, тоа нема да придонесе кон решавање на одреден проблем, туку ќе го ограничи креативното размислување. Многу шефови имаат склоност кон оваа фраза бидејќи сакаат да си го скратат стресот кој го носи развојот на нови решенија за секојдневните проблеми.

Каде е проблемот? Она што успеало за решавање на еден проблем, не значи дека ќе успее и за друг. Кога градите иновативна култура, клучно е да разберете дека вообичаените пристапи можат да бидат опасни за создавањето на средина во која вработените ќе создаваат производ кој ќе биде нов на пазарот.

- Advertisement -

2. Да се исплати инвестицијата

Ова е исто така често користена фраза во бизнис светот, а исто така е и најголемата закана за иновативноста. Иако во одредена фаза на бизнисот е потребно да се дискутира за тоа како ќе се исплати инвестицијата, тоа не треба да се прави на почетокот кога се работи на развивање идеи. Употребувањето на оваа фраза укажува на тоа дека шефовите се нетрпеливи да видат како одредена идеја ќе резултира преку обидот да се измери вредноста на истата.

Секој кој некогаш во својата компанија направил анализа за тоа колку ќе се исплати инвестицијата знае дека теоретските броеви не секогаш ја одразуваат реалноста на вредноста. Наместо бизнисите да се фокусираат на максимално враќање на инвестицијата, треба да го насочат својот фокус кон тоа што можат да си дозволат како загуба без истото на остави негативно влијание. Компанијата која го разбира и воведува овој принцип, има поголеми шанси да развие иновативни идеи.

3. Стратегија

Стратегијата сама по себе не е нешто лошо, но проблемот се јавува кога стратегијата која се изградена на месеци истражување и анализа на пазарот, не соодветствува на реалноста во која живееме. Планот напишан на хартија можеби нема да е повеќе важен кога ќе дојде ред да се стави во акција.

Иако стратегијата може да го мобилизира тимот да развива нови идеи, иновативноста навистина доаѓа кога тимот ќе има чиста визија за она што сака да го постигне и нема да се плаши од ризик и неуспех кој не бил предвиден во стратегијата.

Преку избегнување на овие фрази, компаниите ќе поттикнат култура која развива креативност и иновативност, а на крајот резултатот ќе биде поотворена средина во која тече соработка, а со тоа и иновации.

Сподели!
- Advertisement -