Пет нешта кои економиите во развој треба да ги направат за да привлечат таленти

- Advertisement -

Компаниите кои работат на пазарите во раст имаат потреба од таленти доколку сакаат да бидат конкурентни. Но тие имаат направено релативно малку за да привлечат или да задржат таленти, со тоа што пред десетина години, најголемиот дел од најдобрите дипломирани од универзитетите во Кина и Индија преферирале да работат за западни компании. Овие компании плаќаат подобро и нудат повеќе можности за професионален развој и напредок.

Но нештата се менуваат и сега компаниите од пазарите во раст можат да привлечат некои од најдобрите таленти, локално и глобално. Во 2016 година, Alibaba ја лансираше Global Leadership Academy за да им понуди на младите таленти шеснаесетмесечен тренинг во своето седиште. На овој начин, тие привлекоа многу од талентите кои работеа во западни компании.

- Advertisement -

Последната листа на 25 најдобри компании за работа на магазинот Fortune, вклучуваше компании и од Бразил, Перу и Чиле. Овие компании се посветиле на привлекување и градење таленти со години.

Јужна Кореја, која веќе ја направи транзицијата од главно производствен центар во поразнолика економија базирана на услужни дејности. Државата создаде повеќе од 4 милиони високо квалификувани вработувања во последнава деценија. На сличен начин постапи и Кина, која пак има најголем број на нови дипломирани таленти во светот.

- Advertisement -

Стратегиите за развој на таленти за пазарите кои се во раст мораат да се фокусираат на следниве клучни точки:

– Распределба на средства за образование, не само за градење технолошки вештини, туку и за меки вештини.

- Advertisement -

– Обезбедување на услови за вработување кои постојано ќе се подобруваат, со цел работењето за компанија на овие пазари да биде поатрактивно отколку работењето во западна компанија

– Привлекување талент од други држави.

– Обезбедување на поздрав живот во големите градови кој исто така талентите ќе можат да си го дозволат.

– Осигурување дека локалните компании нема да плаќаат за да добијат таленти бидејќи тоа ќе ја наруши конкуренцијата помеѓу компаниите и ќе се одрази на економијата.

Компаниите на пазарите во развој не можат да ја придобијат конкуренцијата за таленти сами. Инфраструктурата на државата, образованието и квалитетот на живот се клучни фактори. Преку соработка со властите, од локално до државно ниво, компаниите ќе ги постигнат целите кои ги посакуваат.

Сподели!
- Advertisement -