Вртоглав пад на биткоин

- Advertisement -

Биткоин денес потона за дури 21% после речиси 40% раст овој месец. Дигиталната валута падна на најниско ниво овој месец од 12.191 долари. Биткоин сега вреди 38% помалку од најголемата вредност што ја достигна 19.511 долари, но и понатаму има скок на цената од 1.100%  на годишно ниво.

Падот на цената на биткоин е ресултат на загриженоста дека биткоин кеш станува се поголем конкурент на криптовалутата. Биткоин кеш, кој се појави порано годинава како последица на поделбата по надградбата на софтверот, неделава беше додадена во понудата на базата Coinbase Inc.

- Advertisement -

Како што пренесува Bizlife, она што е очигледно е дека расте манијата за се што е врзано за криптовалути. Така, акциите на Long Island Iced Tea скокнаа за неверојатни 500% откако компанијата се ребрендираше во Long Blockchain.

Гувернерот на Банката на Јапонија, Харухико Курода, вчера изјави дека биткоин не функционира како класично средство за плаќање и дека се користи за шекулирање. Банките, пак, ја намирисаа приликата. Goldman Sachs Group Inc. поставува пазар за тргување со дигитални валути како што е биткоин. Банката има за цел пазарот да почне да работи до крајот на јуни, ако не и порано.

Сподели!
- Advertisement -