Франција целосно ќе забрани ископување на нафта

- Advertisement -

Францускиот парламент неодамна донесе закон за целосна забрана на вадењето нафта и гас на француска територија. Почнувајќи од 2040 година, копањето, хидрауличното фрактурирање, ископувањето и другите методи на екстракција на нафта ќе бидат забранети на територијата на Франција. Во меѓувреме нема издавање на нови дозволи за екстракција на фосилни горива во Франција.

Според Inhabitat, иако овој закон е потврда за посветеноста на Франција на борбата против климатските промени, примарно е симболичен гест. Франција увезува 99% од нафтата и гасот кои ги троши, а незначителна количина се екстрахира на нејзина територија. На пример, во Франција годишно се ископуваат околу 815.000 тони нафта, а истата количина во Саудиска Арабија се екстрахира секои неколку часа.

- Advertisement -

Додека овој закон на Франција можеби нема директно влијание врз емисијата на сталенички гасови, француските креатори на политики се надеваат дека тоа ќе ги инспирира другите европски земји да направат слична заложба. Влијанието на законот најмногу ќе се почувствува во Француска Гвајана, односно јужноамериканската територија каде што многу нафтени компании сакаат да ископуваат нафта.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, сака да ја позиционира Франција како глобален лидер за климатски промени. Бидејќи САД веќе се повлекоа од таа сцена, Франција истапи на нивно место. Макрон отиде дотаму што нуди грантови на американски институции за да вршат истражувања за влади кои ја признаваат реалноста со климатските промени.

Сподели!
- Advertisement -