Универзитет Американ Колеџ Скопјe донираше лабораториска центрифуга на Клиниката за детски болести во Скопје

- Advertisement -

Како што се ближат новогодишните и божиќните празници, се повеќе се чуствува духот на хуманоста и добродетелството со желба сите да ја почуствуваат топлината и убавината на празничната атмосфера.

Универзитет Американ Колеџ Скопје, како компанија која од самото основања става голем акцент на корпоративната општествена одговорност традиционално и оваа година се насочи претпразничниот период да го посвети токму на ваквите активности.

Секоја година, тие организираат добротворни активности во кои се вклучени студентите, професорите, деловниот совет и целокупниот кадар на Универзитетот. Оваа година тие се решија за еден поинаков пристап кој се покажа како навистина успешен.

- Advertisement -

На 12ти Декември 2017та година, УАКС организираше хуманитарна аукција на уметнички дела креирани и донирани од страна на професори, студенти, административен кадар и пријатели на Универзитетот. Целта на аукцијата беше да се соберат средства за набавка на лабораториска центрифуга, еден од есенцијалните медицински апарати кои ги користат сите оддели при ЈЗУ Клиниката за детски болести во Скопје.

 

- Advertisement -

Донаторите на уметничките дела се покажаа како навистина талентирани уметници, и самите слики предизвикаа еден навистина прекрасен наддавачки дух. Она што навистина ја помогна самаат аукција а ја направи воедно и многу забавна за присустните, беше улогата на нашата позната водителка Лила Стојановска која беспрекорно го водеше наддавањето и самата аукција. Со оглед на фактот дека таа и самата е голем хуманист и ги поддржува ваквите добротворни активности, таа реши да допринесе кон аукцијата преку купување на интересна каритура која всушност беше подарок за неа во знак на благодарност од страна на УАКС

Аукцијата помина навистина успешно и резултатот е очигледен. Неколку дена по аукцијата, УАКС ја достави лабораториската центрифуга на клиниката. Ректорот на УАКС проф. д-р Марјан Бојаџиев, заедно со про-ректорот за настава проф. д-р Венера Крлиу Ханџиски и претставници од Универзитетот беа пречекани од страна на директорката на Детската Клиника д-р. Катерина Ставрева како и тимот на лекари кои директно ќе ја користат центрифугата.

- Advertisement -

Навистина ни е драго што можеме да допринесеме на ваков начин за подоброто функционирање на клиниката и да овозможиме навремени и брзи резултати за најмалите пациенти. Нивната нега на секому од нас ние најважна и секогаш им го посакуваме најдоброто, особено да се во добро здравје. Од се срце сме им благодарни на сите оние присуствуваа на хуманитарната аукција и се придружија кон нашата цел да се помогне онаму каде што е најпотребно. Не може да се измери радоста од сознанието дека можеби со еден мал придонес можеме да измениме повеќе детски животи. Ние како Универзитет сме секогаш со надеж дека филантропијата и хуманоста можат да постанат доминантни доблести на секој човек и тоа се стремиме да им го пренесеме на нашите студенти, нашите професори и нашата целокупна заедница“ – изјави Венера Крлиу Ханџиски, која е воедно и добитник на националната награда “Мајка Тереза“ за 2017та година.

Сподели!
- Advertisement -