Изумот на телеком операторот O2 веројатно е совршен за жените кои сакаат да имаат маникир и многу да телефонираат. Ако се прашувате каква врска имаат ноктите и телефонирањето, оваа британска компанија моментално работи на проектот Mobile Nails – вештачки нокти со кои ќе може да се вршат телефонски повици.
Како што пишува, 24sata покрај ноктот за показалецот има и прстен кој се става на истиот прст, а во кој е вграден чип и ќе работи на принципот на Bluetooth слушалки. Малиот чип ќе биде споен со мобилен телефон, а корисникот во секој момент ќе може да разговара на телефон, да повика некого или да слуша музика без да го вади апаратот од чанта.
Но, овој изум нема да биде само корисен, туку и убав. Mobile Nails доаѓа во неколку дизајни со бројни опции. „Секогаш сакаме да развиваме мобилна технологија со која се губи границата меѓу модата и технологијата и тоа е навистина голем предизвик. Луѓето со години ги украсуваат своите мобилни телефони, а ова ќе биде чекор напред во начинот на украсување на нашето тело со технологија“ порачаа од O2.