Неколку седмици откако најави дека планира да испрати оригинален автомобил Tesla Roadster во вселена со ракетата Falcon Heavy на SpaceX, Илон Маск објави и фотографии на својот Instagram профил како ја подготвуваат ракетата за лансирање.
Фотографиите го покажуваат автомобилот како е сместен помеѓу две половини од одделот за товар на ракетата. Ова ќе биде инаугурацискиот лет на ракетата Falcon Heavy која е наследник на Falcon 9 и е најмоќната ракета за вселенски патувања која моментално постои во светот. Истата ќе овозможи SpaceX да испраќа повеќе товар во вселената и подлабоко да го истражи Соларниот систем, пишува The Verge.
Но SpaceX не сака да стави товар со голема вредност на првиот лет на ракетата бидејќи истата би можела да го заврши или почне својот лет со експлозија. Наместо тоа, користат модел бидејќи се работи за тест – лет.
Во април Маск рече дека ќе смислат што би било најлудото нешто што можат да го пратат во вселената при тестирањето на ракетата, а одлуката дека ќе се испрати Tesla Roadster беше објавена на 1. декември. Маск напиша дека дестинацијата е орбитата на Марс и дека автомобилот ќе биде во длабоката вселена милијарда години доколку не се случи експлозија при полетувањето.