Горивата поскапуваат на полноќ

- Advertisement -

Во последната рекалкулација на цените за оваа година, Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги зголеми цените на горивата за половина денар.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1,10%.

- Advertisement -

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за половина денар, и еден литар од овие горива ќе чини 66,50, 68,00 и 55,00 денари, соодветно.

За еден денар поскапува екстралесното масло за домаќинство, на 44,00 денари за литар, а нешто поскап ќе биде и мазутот.

- Advertisement -

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.

Сподели!
- Advertisement -