Хрватки направија апликација за деца со проширена реалност и вештачка интелигенција

- Advertisement -

Мирела Чошиќ, Маја Суботиќ Шушак и Андреја Сметко како тим Tartle победија на хакатонот на Хрватски Телеком со идеја за интерактивна апликација со проширена реалност наречена TaleTalk која служи како сликовница за деца.

Мирела и Андреја дипломирале информатика, а Маја архиектура и дизајн, но како тим се пријавиле на хакатонот од повеќе причини, меѓу кои и тоа дека им недостигале студентските денови кога програмирале по цела ноќ, пишува Netokracija.

- Advertisement -

За време на хакатонот започнале да работат на мобилна апликација TaleTalk и освоиле награда од околу 4.000 евра. Кога размислувале што ќе креираат, сакале тоа да биде производ кој ќе вклучи и примена на проширена/виртуелна реалност, па подоцна решиле истиот да биде наменет за деца и да вклучува раскажување на приказни.

„Веќе некое време се занимавам со едукација на младите во визуелната култура, па собраното знаење ни помогна во поставување на темелите на апликацијата кои вклучуваат развивање на креативниот и комуникацискиот потенцијал на детето“ раскажува Маја.

- Advertisement -

Андреа дополни дека додека истражувале, сфатиле дека комбинација од вештачка интелигенција за препознавање на говор и проширена реалност за претстава на ликовите и нивните активности, ќе функционира одлично.

- Advertisement -

Тие исто така откриле дека пазарот за вакви производи за деца е доста развиен и конкурентен, но и со потенцијал истовремено бидејќи секој родител сака да открива апликации кои ќе придонесат за развојот на неговото дете.

„Нашата интерактивна апликација со приказни кои се контролираат со гласот во проширена реалност, е наменета за деца од две до пет години. Во тој период, развојот на говорот на детето се одвива со неверојатно брзина, а апликацијата го поттикнува детето на разговор (да слуша внимателно, да го подобрува изговорот, да го проширува вокабуларот, да поврзува реченица со слика, да одговара на прашања…) истовремено нудејќи му визуелно интересна содржина“ велат девојките.

Следно што планираат е да развијат почетна верзија на апликацијата и внимателно дефинирање на плановите за апликацијата за иднина. Откако ќе знаат на што точно се наоѓаат, ќе размислуваат дали со парите од наградата ќе регистрираат компанија.

Сепак, уверени се дека подрачјето на проширена реалност се очекува да бележи неверојатен раст во иднина, поради што постои потенцијал за нивниот производ.

Сподели!
- Advertisement -