Фарма во Велика Британија изнајмува одржливи елки за Божиќ

- Advertisement -

На крајот на новогодишните и божиќните празници милиони семејства во светот ги фрлаат елките, што воопшто не е одржлива традиција. Според податоци на ВВС, само во Велика Британија годишно се фрлаат 6 милиони елки, но фармата Primrose Vale Farm од Велика Британија нуди изнајмување на елки.

Primrose Vale Farm ги одгледува елките во посебни саксии од 35 литри и ги изнајмува за време на празниците.  Семејствата доаѓаат, си избираат дрво, го земаат дома за време на празниците и го враќаат за да биде посадено додека не дојде нареден Божиќ. Можете секоја година да избирате нова елка, но многу семејства секоја година си го носат дома истото дрво, а некои дури им дале и имиња на елките.

- Advertisement -

Како што пишува Global Citizen, од Primrose Vale Farm околу 250-300 семејства истото дрво го изнајмуваат секоја година. Бидејќи елките се враќаат назад на фармата, може да живеат неколку години наместо да се фрлаат на крајот на празниците.

Сподели!
- Advertisement -