Научници создадоа роботски шорцеви кои ќе ни помагаат во одењето и трчањето

- Advertisement -

Тим од истражувачи неодамна разви роботски егзоскелет кој го олеснува одењето и трчањето на подолги растојанија. Тој ќе може на просечните луѓе да им даде натчовечки способности, да им помогне на луѓето со инвалидитет или на војниците да ги изодат долгите маршеви.

Истражувањето го спровеле научници од универзитетите Харвард од САД, Чунг Анг од Јужна Кореја и Небраска Омаха од САД. Тие развиле мек роботски систем со вештачка интелигенција дизајниран да се носи како егзокостим. Функционира така што роботиката ги помага вашите движења и го намалува товарот врз метаболизмот, односно количината енергија што ја трошите за одење и трчање.

- Advertisement -

Овој егзоскелет ја намалува енергијата што ја трошите кога поминувате 1,5 метри во секунда за 9,3% и енергијата што ја трошите кога трчате 2,5 метри во секунда за 4,0%, што е исто како да сте симнале 7,4, односно 5,7 килограми од себе при одењето/трчањето. Егзоскелетот користи вештачка интелигенција за да го утврди најефективниот начин за асистирање во движењето на тој пто го носи. Ја зема предвид траекторијата, брзината и начинот на одење за да функционира без да го попрчува природното движење на телото.

По 15 минути носење на системот, почнувате да се прашувате дали воопшто ви помага затоа што се чувствувате како да одите како и секој ден. Кога ќе го исклучите, вашите нозе почнуваат да стануваат тешки и сфаќате колку многу ви помагал, велат истражувачите. Тие добиле големи средства за проектот од DARPA, воениот тинк-тенк од Пентагон, па логично е дека дизајнот првично е наменет да им помага на војниците.

Сподели!
- Advertisement -