Од утре се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

- Advertisement -

Од утре се укинува бесплатниот превоз во автобусите на ЈСП во Скопје, jави МИА.

„Ве информираме дека Одлуката од Градот Скопје за  бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, денеска 28.12.2017 г. до 24:00 часот завршува. Од утре 29.12.2017 г. јавниот превоз ќе се одвива нормално, со наплата.“, се вели во соопштението на претпријатието.

- Advertisement -

Мерката беше воведена вчера поради загаденоста на воздухот во изминатите два дена и траеше само еден ден, во четвртокот.

Сподели!
- Advertisement -